Така оди тоа со тики-таката на Барселона веќе неколку години. Ќе им го поматат умот на противниците колку што им душа сака и на крај ќе ја постигнат целта. Снимката е постара со Давид Виља во напад и со дополнителен ефект.
Фудбалерите на Круз Азул направија интересна варијанта на тики така. Со шест прецизни додавања на прва во кои топката тапна само два пати, атрактивната акција ја крунисиаа со гол.
Екипата на Свонси до 18 години демонстрираше што е тоа тимска игра. На натпреварот против Лидс тие постигнаа гол по 32 додавања, а притоа сите 11 фудбалери беа вклучени во акцијата, па дури и голманот.
Ова е најдобрата фудбалска акција која ќе ја видите денес, а на неа и љубомори дури и Барселона. Одличната тики-така на уругвајскиот Клуб Насионал на гостувањето кај Ел Танк Сисли беше зачинета со убав волеј удар за победнички погодок во 84-та минута.
Во главна улога не се Чави, Меси и Иниеста, ама играта е идентична со онаа од „Камп Ноу“. Се работи за Барселона Спортинг Клуб од првата лига во Еквадор. Фантастично изведено.
Иако е многу рано за ваков тип на статистика шпанските медиуми веќе почнаа детално да ја анализираат досегашната работа на Каталонците под водство на Херардо Мартино. До сега таа покажува дека со помалку пимплање на топката фудбалерите на Барселона се поефикасни.
Сигурно дека за вакво нешто потребно е знаење и многу тренинг, но и дебели живци. Откако по стапките на Барселона ова маестрално пимплање со топката успеаа да го применат Арапи и Грци, следниот тим кој ја премотувал повеќе пати лентата на Каталонците е англискиот второлигаш Дерби Каунти.
Фудбалерите на Ал Ахин при водството од 2:0 против тимот на Ајман, во 87 минута почнаа да го вежбаа на теренот она што го подготвувале на тренинг. Популарниот тики-така неодамна им успеа и на талентираните јуниорски фудбалери на грчкиот тим Јанина.
Мајсторијата популарно наречена тики-така која единствено може да ја видиме во игрите на Барселона им успеа на грчки јуниорски фудбалери. Со 21 додавање без ниту една грешка, талентираните деца ја воодушевија публиката.