Во 116-годишната историја на тенискиот Дејвис Куп, Аргентина одигра пет финалиња и синоќа за првпат ја крена познатата „салатара“ како најдобра тениска репрезентација на светот. Херој на Аргентинците кои по првите два дена губеа 2:1 беше Хуан Мартин дел Потро кој со скршен прст го победи Марин Чилиќ после пресврт. Аргентинците ја исполнија Арената во Загреб и навиваа како на фудбалски натпревар.