Како што знаете, пратеникот Талат Џафери реши да блокира донесување закон со маратонско окупирање на говорницата. Бидејќи добар дел од граѓаните погрешно се уверени дека имаат некоја попаметна работа во животот отколку да го слушаат пратеникот, ние решивме да жртвуваме неколкумина издржливи пријатели да го следат обраќањето и во кратки црти да ни пренесат за што тој зборува. Еве го нивниот извештај.