Мајами Хит очекувано лесно го совлада ослабениот Њу Орлеанс Пеликанс со 113:98. Ова е петти триумф на 10 меча за Мајами сезонава. Џими Батлер одново беше најдобар поединец со трипл-дабл од 31 кош, 10 скока и 10 асистенции. Имаше голема поддршка од Тајлер Хиро кој уфрли 19 поени од кои три тројки а една од тие не беше планирана за тројка.