Таг: светислав пешиќ

Јокиќ црта акција, а Пешиќ ја брка екипата на Нетфликс

Секој ден излегува по некоја пикантерија од документарецот „Court of Gold“, серија во 6 епизоди, која Нетфликс ја стокми за Олимписките игри 2024. Изгледа дека има многу јак материјал. Опфатени се САД, Франција, Србија и Канада, кои се бореа да стигнат до златниот медал.

Некој го снимил скришно Пешиќ на Олимпијада како ги прави партал кошаркарите

Се работи за полувремето против Австралија во четвртфинале на кое Србите губеа со 54:42. Вие го мислите Светислав Пешиќ постар и демек културен кој ги бира зборовите, но пуштете погласно и читајте го титлот, 1% не ги штеди. Србите на крај победија во продолженија 90:85.

Најава за кошаркарскиот документарец на Нетфликс за Париз 2024

Се вика „Court of Gold“, содржи 6 епизоди, а премиерата е закажана за 18 февруари. Серијата ги следи селекциите на САД, Франција, Србија и Канада, кои на Олимписките игри се бореа да стигнат до златниот медал.

Вучиќ им тврдел на студентите дека повеќе не постои зонска одбрана

Светислав Пешиќ почнува да зборува за зонска одбрана, а Душко Вујошевиќ го сече и прави мајтап на сметка на Вучиќ, кој памет и не го измислува. Па уште и меме од Шек ставиле. Цепки.

Рецептот за успех на Олимписките игри ќе ви го каже Пешиќ

Му успеа против Порторико и Јужен Судан, против САД не баш, останува да видиме денеска против Австралија, меч закажан за 14:30.

Господин Светислав Кари Пешиќ за салата на Работнички Скопје

ФИБА направи тотален хаос со календарите кои се поклопуваат со Евролига и НБА, па репрезентациите играат квалификации за Светско во крпени состави. Србија едвај ја победи Латвија 101-100 а после мечот селекторот на Србите, големиот Кари Пешиќ имаше преубава прес-конференција.

Српско-хрватски поздрав за трофејот на Барса

Додека хулиганите живеат во некој свој глупав филм, на спортските терени приказната е поинаква. Барселона синоќа во ултра интересно финале на шпанскиот кошаркарски Куп го совлада Реал Мадрид. Додека славеа на паркетот, тренерот Светислав Пешиќ и Анте Томиќ си честитаа а Хрватот во шега праша: „Три пати“?

Гасол: Јебига

НБА асот Марк Гасол не игра за Шпанија на ЕП, но ги гледа своите соиграчи од трибините. Вечерва се сретна со неговиот учител од младоста, Светислав Кари Пешиќ, а кога виде дека го нема неговиот број во мобилниот, му одговори едноставно.

Василије од Баерн даде кош од столче

Бо Мекејлеб вчера потпиша со евролигашот Баерн Минхен, а конкуренција за позицијата плејмејкер ќе му биде Србинот Василије Мициќ, кој на тренинг погоди седејќи.