Таг: сув лист

Индија може слободно да го затвори конкурсот за гол во 2022-ра

Наградата за гол на годината на момаков, да му ја врачи лично и персонално Жунињо. Бразилецот е синоним за изведување велемајсторски „сув лист“ удари, ама ова е нешто посебно. Како ли успеа толку високо да одлета топката и да падне во гол? Прегоре коментаторот.

Бомбастичен еврогол во германска трета лига

Филип Тице од Вехен Визбаден презентираше лудачка способност на изведување сув лист во стилот на Жунињо, меѓутоа не од прекин, туку од игра. Оливер Кан да го ставеa на гол во најбољи дани, џабе.

Жунињо од Динамо Загреб

За да го пронајдете најјакиот слободен удар на колото, не треба да буричкате во Премиер лига, Серија А или Ла Лига, туку во Хрватска. Вараждин поведе 1:0 против Динамо Загреб, а потоа прими два од Мислав Оршиќ. Едниот е сув лист кој Кан и Буфон не го бранат заедно.

Запамтете го детево по име Лучанињо

Не се секирајте, по Меси и Роналдо нема да престане фудбалот бидејќи за некоја година ќе стават нога на светската сцена некои нови клинци и нивни потенцијални наследници. Еден од нив е бисерот на Фламенго кој на 12 години дава голови со сув лист од кај сака и не за џабе е таргет на Реал и Барса. Малиот е лудило, головите од паркинг му се рутина.

Пет профи слободни удари на Роналдо во ЛШ

Специфичниот удар таканаречен “сув лист“ ретко кој може да го усоврши како Бразилецот Жунињо од Лион. Но ете го Роналдо со топ 5 листа која ја објави УЕФА во која три се такви. Да не може да се реши човек кој е најатрактивен од третиот, четвртиот и петтиот.

Сувиот лист на Бебе

Сезонава репер за слободни удари ни беше Пирло, но овој на играчот на Манчестер Јунајтед кој настапува како позајмен во Пакош Фереира се разликува од неговите. Низок и навежбан технички удар кој е најнезгоден за бранење.

Сув лист од скоро 40 метри

Голчиштето од слободан удар ни доага од Парагвајското првенство, а мајсторот се вика Фидел Пино кој со ова ремек дело е најзаслужен за победата на Депортиво Капиата на гостувањето против Серо Портењо. Од ефето со кое се движеше топката очекувано најмногу се збуни голманот.