Сурија Бонали е поранешна француска натпреварувачка во уметничко лизгање. Има пет злата од европските првенства и три сребра од светските. Позната како уметничка лизгачка која редовно му пркоси на системот, во 1998 на Зимските олимписки игри во Нагано (Јапонија) ги изгубила шансите за медал па решила со еден потег да ги „разбуди духовите“.