На 20 септември 2006. година, пред точно една деценија, тогашниот фудбалер на Ливерпул Чаби Алонсо го постигна еден од најлудите голови во клупската историја на „Црвените“. На меч од Премиерлигата против Њукасл, Шпанецот со шут од својата половина го матираше гостинскиот голман.