Низок, брз, спретен, незгоден, плус европски првак со Вардар. Тоа е Сташ Скубе кој настапува за Мешков Брест. Ти го мислиш ќе организира напад, тој ти го мати паметот со пируета.
Мешков Брест направи големо изненадување во ЛШ и тоа против ПСЖ кој го совлада со 32:31. Потег број 1 на мечот е дефинитивно оваа финта на поранешниот вардарец Сташ Скубе кој ги прати по бурек момците на Раул Гонзалес.
Не дека ова се решавачките моменти да се одлучи на трансферот, ама муабетов што му го прави негов сонародник кој веќе игра за Брест е малку како да ви кажеме. Дојди тука имаш познати марки, евтина роба, како и езеро со јахти каде можеш роба да ловиш.
Актуелниот шампион на Европа имаше моќен настап против Мотор Запорожје кој го совлада со 10 гола разлика. И покрај финансиските проблеми момците на Стевче Алушевски беа мотивирани и за шоу. ЕХФ го препозна во онаа атрактивна акција на Дибиров и Скубе како во НБА и голот на Русинот го прогласи за број 1.
Пред него се исправија двајца гиганти, од кои неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Блаж Благотиншек е три глави посивсок од Скубе. Ама тоа не му сметаше на Сташ да го измрда од место џинот.