Таг: ср југославија

Ги победи НБА ѕвездите, лежеше во Идризово а сега е шаман

Младите и перспективни режисери сериозно би требале да подразмислат за идејата да се сними филм за Србинот Дејан Котуровиќ. Овој некогашен кошаркар стана Европски шампион во 1995 во легендарното финале во Атина, а во 2002 година стана Светски првак откако претходно со СР Југославија сензационално ја победи Америка во четвртфиналето во Индијанаполис. Играше и за Бостон Селтикс во НБА. Пред некоја година на граничниот премин Богородица го уапсија поради тоа што имал неисправни документи за крадено возило по што 3 месеци беше на робија во Идризово. Во последно време се бави со шаманство.