Истрага на израелскиот весник Хаарец открива дека тамошни сајбер компании развиле софтвери што го искористуваат системот за интернет реклами за да следат цивили, да упаѓаат во нивните телефони и компјутери и да ги шпионираат. Тие откриваат и дека ваков систем веќе е продаден на барем една недемократска држава.