Таг: соло акција

А мислевме дека Мбапе е најбрз

Саудиска Арабија извади спринтер кој не би требало уште долго да игра во Саудиска Арабија. Овој 100% почнал како атлетичар на 100 и 200 метри, па го прекомандувале на фудбал.

Сите до еден ќе ве издриблам

Соло продорот на денот и неделата е дефинитивно овој. Го изведе репрезентативецот на Гвинеја, Секоу Кеита Соуза кој настапува во третата француска лига. Како тргна самоуверено, како да е најјак во свет.

Ги изора како нива во Говрлево

Кога ќе рече некој слалом, се мисли на ова. Тргнуваш, ги проаѓаш сите со ред и влегуваш со се топка во гол. Ете така.

Каква ЛШ, погледнете го ова лудило

Поминаа 16 средби од првото коло во Лига на шампиони, ама никој не може да се пофали со вакво ремек дело. Од академијата на Ридинг се појави магионичар. Прием - дриблинг - завршница. Па овој не е нормален што сè направи во едно и како го изведе тоа.

Друг пат и голот издриблај го, што го вртиш

Дриблерот на денот ни доаѓа од Обединети Арапски Емирати. Ја прими на средина и после како да ви кажеме, соло акција која мислиш ќе продолжи до паркинг. Тоа со голманот е нешто невидено. Греота е овој што не игра во некој силен европски клуб.

Што ве вртам, можам сам од гол на гол

Анонимен фудбалер од Доминиканска република по име Енми Мануел Пена Белтре кој има 24 години и игра во Малта, тргна од своја половина и не застана. Противниците го бркаа како дунстери и никој да не го сфати серизно во неговата соло акција. Имаше и еден потег за кој велат дека му бил како на Зидан, иако нас ни изгледа како несакајќи да му излезе.