Норвешкиот Олимписки тим којшто пристигнал во Пјонгчанг на Зимската Олимпијада не можел да поверува што се случува кога на нивните готвачи поради грешка во преводот им стигнале 15.000 наместо 1.500 јајца. Снабдувачите и готвачите на тимот се изненадиле кога домаќините им истовариле цел шлепер јајца: „Немаше крај на доставата“, вели шефот на Нордискиот тим.