На селекциите на Ботсвана и Алжир во квалификациите за Куп на нации им се падна судија кој дефинитивно не знае кај тера. Колете се вие, до три фаули во акција толерира, за потоа да свирне непостоечки офсајд.
Ви посакуваме убав викенд со Баерн Минхен - Борусија Дортмунд (сабота 18:30), Ливерпул - Манчестер Сити (недела 17:30), и Јувентус - Милан (недела 20:45). А ви посакува и судијава. То бе мајсторе, само весело.
Од младински натпревар во Чешка ни доѓаат скроз неочекувани сцени во кој линискиот судија не знае кај тера и што прави. Човекот нема компас, а не па да знае кај се головите, топката и играчите. Тоталка е у офсајд.
На осминафиналниот меч од Копа Либертадорес играч на Емелец направи неспортски потег на гостувањето против Фламенго. Судијава па со две леви нозе е роден.