Во јуни 2014 сметководителот на едно американско казино открива дека неколку негови слот-машини на неколку дена излуделе и дале повеќе пари отколку што предвидува софтверот. Ова е проблем затоа што машините никогаш не излудуваат. Алармирано е обезбедувањето и прегледани се снимките од „дарежливите денови“, на кои единственото сомнително нешто е еден дечко што додека игра, цело време го држи смартфонот залепен за екранот на слот-машината.