Симоне Пафунди, генерација 2006-та кој му е соиграч на Несторовски постигна историски гол за селекцијата на Италија. На само 5 минути до крај на мечот против Јужна Кореја, при резултат 1:1, младиот напаѓач едноставно го претвори голманот во гледач и ја однесе својата земја за прв пат во финалето на СП за играчи до 20 години. Другиот финалист е Уругвај, домаќин е Аргентина, а актуелен светски првак е Украина.