Таг: силекс

Кратовскиот Џон Тери

Во 16. коло од македонската Прва лига, Силекс и Струга Трим Љум играа фудбал на натопен терен поради обилните врнежи во Кратово. Домаќинот доби пенал во 27' минута кој го промаши Денис Ристов - Рики, откако се лизна при шутот и топката отиде високо над голот.

Во Кратово теренот завршува Ѕинго кај што ќе каже

Викендов во нашата сирота прва лига беше циркуз Медрано. Се урла по сомнителни пенали на дури четири натпревари, а еден од нив е мечот Силекс - Работнички 4:3 на кој кратовчани решавачкиот гол во 95-та минута го дадоа како на хокеј.

Ја спукаа во Кратово на пријателска

Требаше да биде пријателски натпревар меѓу Силекс и Борец, а поради остри стартови настана групна тепачка во која се втурнаа сите на куп. Мислиш за влез во Лига на шампиони се борат.

Судиска лакрдија во Кратово

Играа Силекс и Работнички, реванш натпревар од Купот на Македонија, а средбата ја одбележи комичниот момент кога судијата Фатон Мустафи досуди пенал за Кратовци. Тргна кон тој што го направи фаулот, но кога се сетил дека тој веќе има еден картон, му даде жолт на сосема трет играч.

Стојанче Велинов не е спречен само од полицијата

Фудбалерот на Силекс доби кривична пријава од МВР бидејќи е осомничен дека на четворица свои соиграчи им понудил по 1.200 евра да го наместат мечот со Металург кој се одигра на 18 мај.