Таг: шведски навивачи

Како шведските навивачи ја тешеа Италија

Навивачите на Шведска се цареви и кога во моментите имаа потполно право да го превртат стадионот од среќа и радост, тие им ја пееја на домаќините „Always look on the bright side of life“. Иако нема утеха ниту за играчите, ниту за навивачите, ни за цела земја која сега ќе мора да го чека Катар 2022.

Најјака навивачка песна при апсење од полиција

Навивачите на Хамарби решија незадоволството од поразот против Малме да го искалат врз домашните навивачи, па ги бркаа по улиците. Кога полицијата ги потисна од две страни и ги уапси, не им преостана ништо друго туку да ја запеат легендарната „Always look on the bright side of life“ од славните Монти Пајтон.

Швеѓаните и Ирците држат лекции по навивање во Франција

Англичаните и Русите не се интересни веќе со тепањево. Додека нивното насилство од Марсеј го пренесуваат во Лил, ќе ви покажеме како навивачите на Шведска и Ирска го доживуваат фудбалскиот празник во Франција. И тоа заедно, со здружени сили. Алал да им е.