Разврската во турскиот фудбал никогаш не била понеизвесна. На неколку кола пред крајот четири екипи конкурираат за титулата: Галатасарај е прв со 60 бода, Бешикташ втор со 59 колку што има и третиот Башакшехир. Фенербахче е четврт со 57. Ништо помалку интересно не е ниту во Купот. Во полуфиналето реванш вечерва играа ама не доиграа Фенербахче и Бешикташ.