Косуке Јашухира има само 21 година и луди идеи за изведување ракометни пенали. Да ѕирнеме каква акробација продаде во францускиот шампионат каде е член на Ним.
Во оваа лоша серија од четири порази во низа на Мундијалот во Германија и Данска, како и секогаш наша најсветла точка е Кире Лазаров. Погледнете што му направи капитенот на рускиот голман од пенал. Лоб за сите пари, ама со другата рака. МАЈСТОРИШТЕ.
Запамтете го името на Анголецот Едвалдо Фереира кој изведе чудо од пенал синоќа против Шведска. Од првиот агол кога го гледате ќе помислите дека ја фрла безвезе, но внимавајте кога ќе го дадат од втор агол. Какво е ова ефе?
Исланѓанецот Стефан Сигурмансон од Сегед го изведе најфраерскиот удар од седмерец. На дуелот против Рајн-Некар Левен голманот Андреас Палицка можеше само да „чучне“ на паркетот.
Ракометарката Нина Јеричек изведе седмерец по кој стварно му доаѓа на човек да ѝ даде втора шанса. Несреќната ситуација се случи на дуелот од Лига на шампиони меѓу Крим и Митјиланд.
Како што во фудбалот е омилен волејот, во кошарката забивањето, а во одбојката смечот, ракометарите уживаат во добро изведената шрауба. Особено ако е од ваков тип.