Некогаш кога нашите племиња доаѓале наваму (без разлика кој кое племе и да бил), сè било зелено и под гооолема шума со гооолеми дрвја (ќе ви објаснам во некој друг текст зошто сум толку сигурен во ова). Ако сега се качиш на Водно или на Скопска Црна Гора и ја погледнеш Скопската Котлина (важи и за сите други градови) ќе видиш само остатоци од тоа зеленило, а посебно ретки се дрвјата. Изгледа дека сме „војувале“ долго и „крваво“ со шумата која сме ја затекле... Кои методи и тактики се докажале најуспешни? Каков е исходот од „војната“ досега?