Таг: сеад колашинац

Парола на денот за Бошњакот од Аталанта

Сеад Колашинац е роден во Германија, игра за селекцијата на БиХ, а неговите родители се Бошњаци, со потекло Црна Гора и БиХ. Уште Ла Лига му фали за да му влезат во биографија топ 5 европските лиги. Ги носеше дресовите на Шалке, Арсенал, Марсеј, а од лани е во Аталанта. Навивачите го изненадија со банер на кој има кратка и многу оригинална содржина.

Соло лудорија на Колашинац ала Пеле

Нека го видат Французите од неколку агли мајсторлуков на Сеад Колашинац, па нека размислат добро кој гол ќе го прогласат за број 1 во 2022-ра. Марсеј го потопи Тулуз со 6:1, а Босанецот одигра во напад нешто необично за дефанзивец играч. Ова ќе му биде гол на кариерата.

Колашинац упропасти шанса вредна осминафинале, Тудор не можеше да верува

Тотенхем го победи Марсеј на гости со гол во 95-та минута, а при резултат 1:1 во 87-ма минута Сеад Колашинац имаше чиста шанса за победа која му требаше на францускиот тим за пласман во нокаут фаза. Босанецот го промаши цел гол без никој да му смета.

Ново видео со напаѓачите со ножеви на кое Колашинац стои храбро

Нападот врз ѕвездите на Арсенал Месут Озил и Сеад Колашинац го шокираа Лондон. Метрополитан полицијата објави ново видео на кое се гледа почетокот на нападот и лудата храброст на Босанецот кој мртов ладен стои додека напаѓачот мавта со голем нож.

Си знаеле они во Арсенал кој треба да ги брани уште од времето

Сејо, како што го викаат во Арсенал, на времето во Германија имал прекар „Тенк“. Јак како бик на теренот, а богами и надвор од него. А во еден квиз на тв каналот на Арсенал пред неколку месеци, Обамејанг и Месут Озил кажуваат кој би сакале да биде покрај нив ако се степаат со некого.

Озил нападнат од крадци со ножеви, Колашинац им скокна со голи раце

Од Лондон пристигнува неверојатно видео на кое се гледа како Месут Озил додека седи во својот џип е нападнат од вооружени крадци, а репрезентативецот на Босна и Херцеговина и бек на Арсенал, Сеад Колашинац со голи раце им се пушта на крадците кои биле на мотор.

Добро искористени корнери, нема што

Колку треба да си очаен за да изгубиш од БАТЕ Борисов, а се викаш Арсенал најдобар показател се овие два корнери кој од кој полош. Прво Џака лошо нафрли, а потоа Колашинац бетер. Па набаци во шеснаесетник бе, кај ја даваш таму? Очај.