Таг: саво милошевиќ

Еден подзаборавен проектил на Саво Милошевиќ во финале во Англија

Сигурно го паметите Саво од настапите во Парма и Шпанија, ама ќе се вратиме поназад. Во 1995-та година Астон Вила му плати на Партизан за српскиот напаѓач 3,5 милиони фунти, клупски рекорд во тоа време. Одговори со 33 гола во три сезони и потоа направи трансфер во Сарагоса. Еден од нив е посебен. Се работи за финалето од Лига Купот против Лидс Јунајтед, конечни 3:0. Бомба на 22 годишниот Саво.

Саво и Деки реални и искрени со свој речник

Да ги одмориме малку Клоп и Мурињо и да видиме како изгледаат шегите на балкански терен. Во очи на големото дерби Звезда - Партизан, поранешните српски репрезентативци Милошевиќ и Станковиќ на симпачитен начин направија смешка во прес центарот.

17 години од лудиот меч Југославија - Словенија на ЕП

На денешен ден 2000-та, на Европското во Холандија и Белгија, после неверојатните киксеви на Синиша Михајловиќ, Словенците на крилата на Заховиќ водеа 3-0 против Југославија. Миха доби и црвен картон па сите веќе ја прогласија Словенија за победник. Но не и Саво Милошевиќ...