Фабио Фоњини и Салваторе Карузо, двајца италијански тенисери и репрезентативци на оваа земја, одиграа супер дуел на Австралија Опен кој го доби Фоњини после дури 5 сета (3-2). На крајот Фоњини кој секогаш е избувлив, му рекол на Карузо дека имал неверојатна среќа со поените од мрежа, а ниеднаш не подигнал рака да се извини.