ЦСКА Москва викендов му гостуваше на Арсенал од Тула во 7. коло од рускиот шампионат. Мечот заврши 2:2, а гостинските навивачи се надминаа себе си со идејата како да одат на гостување. Од Москва до Тула има околу 190 км пат.
Хрватска и Русија се четвртфиналисти на Мундијалот. И едните и другите навивачи се во делириум, но има разлика во расположението на нивните џандари. Ова на Балкан може да пројде некако, ама во Русија не. Сега и да сака не може да го повтори истото.
Кој вели дека во трета лига е тапа да одиш на стадион? Не зборуваме за Големо Коњари или Бабуна, туку за Сокол Саратов од Русија и нивните навивачи - цареви. Алал да им е. Не им треба ниту водка за загревање, имаат прекрасна мелодија.
На реванш дуелот од Лига Европа меѓу Атлетик Билбао и Спартак Москва беше општ хаос по улиците кој кулминираше со една жртва меѓу полицајците. Тие дефинитивно си имаа работа со руски хулигани од кои едниот се качи да вози нивно комбе. Според тоа што се гледа на видеово, дечкото не знае кај тера.