Арсенал изгуби дома 1-2 од Вулверхемптон и продолжи серијата слаби резултати под водство на Микел Артета. Фрустриран беше и стоперот Роб Холдинг кој по еден дуел со гигантот и најголем билдер меѓу фудбалерите Адама Траоре изнервиран се издра на цел глас.
Стоперот Роб Холдинг веќе неколку сезони е во Арсенал. Важи за одличен дефанзивец, а тој летово е на подготовки со екипата во САД. Таму еден навивач на Тотенхем проба да му протне дрес од Спарс и да го намести, ама Роб го провали на време.