Во турскиот Куп, Ризеспор лесно со 3-0 го елиминираше Ескишехирспор. После мечот еден домашен играч му приоѓа на гостинскиот фудбалер Бугра Чаглијан за да ги разменат дресовите како што е редот. Ама овој одбива со гестикулација дека се нема пара за друг дрес. Ова не е прва ваква ситуација, се случувало и многу поголеми клубови да не им дозволуваат на играчите да ги даваат дресовите.