Арлин Фајнман починала од туберклоза во јуни 1945, на само 25 години. Година и пол подоцна нејзиниот сопруг ѝ пишува писмо, упатено на непозната адреса. Физичарот - Нобеловец - од кого се очекува да биде студено рационален со оглед на познавањето и на најситните делови од материјата, скршен од болка постхумно ѝ изразува љубов на неговата „жена-идеја“.