Таг: раул хименез

Добро, овој Раул Хименез знае да даде обичен, нормален гол?

Адама Траое по којзнае кој пат го изора теренот, направи невиден слалом, а акцијата ја доврши Раул Хименез со школски волеј. Тоа беше 17-ти гол за Мексиканецот сезонава а има и 6 асистенции. Кој од кој поубав гол му беше лани и годинава.

Ај еден, ама тројца да пратиш во иста бурекџилница?

Со голот на Хуан Мата, Манчестер Јунајтед го совлада Вувлерхемптон во ФА Купот. Потегот на мечот го има Раул Хименез кој е веројатно прв играч во светот што успеал тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед да ги прати онаму кај што не е топката.

Налет обид за ножички ако го убиеш бекот

Во 78’ минута од дуелот Вулверхемптон - Слован Братислава, најдобриот играч на домашните, шпицот Раул Хименез со полна нога во лице го удри стоперот на Слован Кенан Бајриќ и го онесвести. Среќа сè добро се заврши и Кенан брзо се врати. На крајот, дури во 90+9’ минута од судиско продолжение, Хименез даде победнички гол за Вулвс.

Победничките ножички на Мексико

Репрезентацијата на Мексико дојде до важни три бода против Панама во борбата за пласман на Светското првенство благодарение на прекрасниот гол со ножички на Раул Хименез на пет минути до крајот на натпреварот.