Сме се изнагледале навивачи кои влетуваат на терен, но тоа вообичаено го прават кога играта е во прекин. Овој лудак ладнокрвно си влета во терен помеѓу залетаните рагбисти на Мајами и Флорида Стејт.
Џош Крибс, членот на Кливленд Браунс беше нокаутиран во „сендвич" од двајца противнички играчи. Целата ситуација изгледаше многу страшно, а останатите играчи почнаа да се молат, но за среќа по неколку минути тој успеа да стане.
Веќе кога немаме англиско, шпанско и германско првенство на ТВ, би ги замолиле нашите телевизии да ги откупат правата за рагби лигата по долна облека (Lingerie Football League). Згодни девојки се тепаат во долна облека. Зарем требаат уште аргументи?
Американскиот колеџ рагби е многу интересен спорт. Пред некој ден еден рагбист си истрча 50 метри во погрешна насока, а синоќа настрада и една мажоретка.
Можно ли е? Истрча преку 50 метри во погрешна насока, а другиве па трчаа по него за да го соборат. Среќа што новата сезона само што започна, па Андре Паркер од Кент Стејт ќе има доволно време да ги научи страните од теренот.
Канада има женска рагби репрезентација? И ние не знаевме, но сега и тоа како знаеме. Канаѓанките се соблекоа за да го промовираат својот спорт и својата репрезентација. Ух, колку само фали една вакава промоција на македонската женска одбојкарска репрезентација.