Таг: раде круниќ

Пусти Раде се исплаши гол да не даде

Милан беше во подредена улога на Стемфорд Бриџ, ама имаше и една многу зрела шанса која не се пропушта на вакви мечеви. По одличниот продор на Леао, младиот Шарл де Кателаре кој го купија од Клуб Бриж не успеа да го постигне деби голот. Кепа му ја обдрани, а Круниќ ја префрли преку стадион.

Аплаузи за голчиштето на Раде

Замислете какво е чувството после играње во Сутјеска и Борац Чачак, да застанеш од слободен удар во дресот на седумкратниот европски првак и да ја заковаш мајсторски и тоа за деби гол во Серија А за Милан. Претходно Раде Круниќ беше стрелец за Росонерите само еднаш против Селтик.

Што му рече Златан на Раде на босански?

Интересен момент од пост дерби честитките меѓу Росонерите каде се слуша комуникација меѓу Ибрахимовиќ и Раде Круниќ, ама не на италијански, туку на босански. Златан му вели: Абе падни доле, падни доле. Веројатно за ситуација кога можел да изнуди пенал.