Таг: провинција

Живот во провинција

Ќе бидеш провинцијалец затоа што таков си се родил и таков си израснал. Затоа што ќе те чеша твојот мал град каде што нема да знаеш да ја пуштиш душата, за да не те зборат комшиите, а тоа со тек на време ќе направи од тебе фрустрација од крв и месо. Секогаш ќе сонуваш да живееш во метропола, без никогаш да ја дознаеш осаменоста што може да се осети во милионски град. Затоа што си таков, провинцијалец на кој секогаш ќе му бидат битни приказните на другите.