45-годишниот Оле Гунар Солскјер го паметиме како голгетер кој најчесто влегуваше од клупата и даваше голови. Тој веќе некое време е тренер на норвешкиот Молде но од денес и официјално ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед. Договорот важи до јуни следната година, кога Солскјер ќе се врати одново во Молде (освен ако не направи чудо на „Трафорд“).