Поминаа 16 средби од првото коло во Лига на шампиони, ама никој не може да се пофали со вакво ремек дело. Од академијата на Ридинг се појави магионичар. Прием - дриблинг - завршница. Па овој не е нормален што сè направи во едно и како го изведе тоа.
Секоја чест на сите карате потези на Златан, ама на ова ремек дело сигурно и тој би бил горд. Овде и самиот играч можеби по малку не е свесен каква чудесија од потег направи, а тој па што го чува е комедии. Појма нема каде е топката.
Топката лета во вис, мислиш кај некој гледач во раце ќе заврши и наеднаш паѓа мирно и сталожено благодарение на левицата на Хуан Мата. Публиката во транс. Па во бара да паднеше немаше да се залепи вака.