Пролет е. Преку ноќ, некоја невидлива сила задвижи сè во растенијата и во земјата кои изгледаа мртви, и сега ни следат десетина или повеќе недели кога навидум ниедна друга сила нема да го спречи зеленилото кое преплавува. Изразено во бројки, годишната продукција на биомаса (сè зелено и растително) е далеку, далеку повеќе и неспоредливо поголема од вкупното производство на сè што човек ќе произведе: пластика, метал, и др. (читај „ѓубре“). Јас сум фасциниран од ова тивко производство секоја година. Но за многу други тоа е кошмар. Толку многу непожелни растенија во нивниот двор кој педантно си го планирале, саделе и одржувале!..