Порт Вејл или со кладилничарски речник Порта Влае, го победи Ексетер Сити на гости со 0:1 во третата англиска лига. Голманот на гостите, Конор Рипли, ни два ни три, после мечот се упати на шанк по пиво и тоа во дрес и со влечки. Така се живее.
Дечково се вика Хирам Боатенг. Игра во Ексетер (2 англиска дивизија или 4-та во хиерархијата). Во саботата неговиот тим со 2-0 го совлада Порт Вејл, а голот што го даде Хирам беше можеби најубав во сите европски лиги сезонава.
Натпреварот од четвртата англиска лига беше прекинат поради невообичаен инцидент кој ретко се случува на терените. Пензионер од трибините со банана се обидел да го погоди делителот на правдата.