Една од работите за кои сами себе си замеруваме секоја година е што недоволно сме ги следеле македонските автори и нивните нови книги. За тоа имаме грст оправдувања - од тоа дека денот има 24 часа а дека ова е човек-рубрика, преку тоа дека често сме се разочарале од она што стои помеѓу корици а е напишано на македонски па дуваме и на книжевен јогурт, до - најважното - дека немало кој да ни каже што вреди и тоа да е навистина така.