Кошаркарите на Мајами Хит конечно ја прекинаа серијата од четири порази на стартот од новата НБА сезона, откако на гостински терен ја совладаа Атланта со 129-117. Бем Адебајо и Јанис Адетокумбо беа први стрелци во тимот со по 24 поени, а потегот на мечот го имаше Никола Јовиќ со спектакуларна тројка во стилот на Дончиќ пред некој ден.