Со головите на Немања Максимовиќ и Душан Влаховиќ, Србија ја совлада Австрија со 2:0 и се искачи во Лига на нации од Б во А лигата. Александер Шлагер направи недозволив кикс на гол, а Максимовиќ тоа го искористи да го даде првиот репрезентативен гол, после оној во финалето на СП за играчи до 20 години, кое се одигра во 2015-та.