Во најдобрата лига на Мексико, Некакса после три порази конечно успеа да врзе две победи на стартот на сезоната. Синоќа со 3-0 го совладаа Пумас, а последниот гол на мечот кој го даде Родриго Агире беше права убавина.
Науел Гузман, битангата што брани за Тигрес, со апсолутна намера го прекршува противничкиот шпиц Едоардо Агире кој на истиот меч му даде 2 гола и го победи 2-1. За оваа снимка ништо чудно да му стигне пошта од суд во сандаче.
Францускиот центарфор Пјер-Андре Жињак растура во мексиканскиот фудбал. Синоќа на мечот кој неговиот Тигрес го доби со 3-2 против Некакса, постигна два гола од кои едниот беше лудница од погодок.
Голманот на Некакса од Мексико, Хавиер Касо на мечот против второлигашот Закатепек уште еднаш ја потврди тезата дека за да бидеш голман треба да си навистина талентиран.