Фудбалерите на Васко де Гама од утре веројатно ќе добијат задолжително правило да ги изведуваат корните директ во шеснаесетник, бидејќи ако го повторат уште еднаш овој имресивен начин на изведување, може од плата да им скинат.
Јужна Африка веројатно е рекордер во задржување време на корнер. Играчите стоеа демек ќе изведуваат, се менуваа и на крај судијата мораше да почне со делење на жолти картони. 2 минути траеше сагата.
Обично вакви нелогични потези ни доаѓаат од некои чкљ лиги, ама никако од клуб како Челси и играч од рангот на Вилијан. Ајде да претпоставиме дека можеби имал некоја необична идеја во глава која не му успеа.
Само што го изругавме малион од Јувентус У19 и ете уште едно аматерско изведување на корнер. Овој пат дело на Жоао Мутињо од Вулверхемптон на дуелот против Манчестер Јунајтед. Трагедија од нафрлување или додавање, што и да му беше намерата.
Тимот на Жозе Мурињо игра топло ладно сезонава и не може да излезе на крај со екипи како Брајтон, Вулверхемптон и Дерби. Плус Мурињо и Погба ја спукаа, а Ешли Јанг најдобро покажа во кој правец им се движи формата.
Во плејоф мечот од Копа Либертадорес меѓу Клуб Национал и Коринтијанс, домашниот напаѓач Нико Лопез го изведе можеби најлошиот корнер во историјата на ова натпреварување.