Таг: најдобри голови

Најубавите голови во Премиер лига за последните 10 години

Кој друг би можел да направи подобра компилација на најубави голови од англиската лига, ако не Sky Sports. Миксов слободно може да носи наслов „попара“.

Јувентус ги прогласи најубавите голови во својата историја

Во јубилејната 120-та година од своето постоење, Старата Дама им даде можност на навивачите да ги изгласаат најдобрите 120 гола во историјата на клубот. Ви ги издвојуваме првите 10. На тронот е Дел Пјеро со оној неповторлив волеј против Фиорентина за 3:2 во 89-та минута.

Топ 10 голови за 2016

Листава е стварно супер и е шаренолика со убави и атрактивни голчишта, ама некако тој на Лас Палмас ни се двои, ем поради асистенцијата, ем поради завршницата.

30 дена во ноември, 30 голови

За сладокусците на голови кои минатиот месец пропуштиле многу хајлатси, повелете една доста фина компилација на топ 30 голови за ноември, сето тоа одлично зачинето со коментатори. Роналдо го нема, ги има Меси и Бејл, но тие се споредни играчи во однос на другите мајстори на листава каде прв заслужено е голманот со лудите ножички во 95-та.

Волејот на Сколс и неговите конкуренти

На денешен ден пред точно 9 години, Пол Сколс на Вила Парк против Астон Вила го постигна еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата. По тој повод Премиер лигата на потесетува на целата листа со најатрактивни голови за декември 2006-та. Уживање е, ги има и Лампард, Дрогба, Есиен, Ван Перси...

Најубавите голови на Челси сезонава

Фудбалерите на Челси често иронично ги коментираа тврдењата дека играле досаден фудбал. Дека не играат монотоно под водство на Мурињо, Сините докажаа со неколку одлично изработени акции и ефектни погодоци сезонава. Еве ги најдобрите голови на Челси за 2014/2015.

Најдобрите 10 голови од викендов

Само пет дена беа доволни од новата година, за да ја имаме и првата топ 10 листа на најубави голови од натпревари кои се играа изминатиов прв спортски викенд во 2015-та.

Најубавите голови во Јужна Кореја за 2014, Ристиќ втор стрелец

Годинава се одигра 32. сезона во јужно-корејската К-лига Класик, а титулата ја одбрани Поханг Стилерс, екипа која го освојува првенството во последните пет години. Нашиот Стевица Ристиќ од Јеонам Драгонс е втор стрелец во лигата со 13 погодоци, зад Бразилецот Сантос кој даде 14.

Најдобрите 50 голови за 2014-та

Компилацијата е направена со познати играчи од големи клубови. Второто и третото место се резервирани за Рома, а на прва позиција е рабоната на Ламела.

Топ 20 голови од историската година на Реал Мадрид

Кралевите 2014-та ќе ја завршат со пехари во шпанскиот куп, Лигата на шампиониte и Светското клупско првенство, а срушија и многу рекорди. Број 1 гол е тркот на Бејл во финалето од Копа дел Реј.

Голот на Марко Ван Бастен e најдобар во историјата на УЕФА

Европската куќа на фудбалот предложи 60 голови за јубилејот 60 години од своето постоење, а фудбалските љубители гласаа за следниве 10.