Кварезма како најпрепознатлив мајстор за голчишта со надворешен фелш го има својот наследник. Се вика Томас Санчез, кој паметната комбинација од корнер ја претвори во еврогол број 1 во третолигашката конкуренција во Шпанија.
Позицијата е тешка за директен удар, ама ќе проба. Голманот се чини дека е застанат на право место и ја има директ во раце. Потоа на сцена стапува Роберто Карлос ефектот.
Имаше игра еден на еден, ама изгледа му беше поголем предизвик кога му застанаа двајца, па испрати магичен шут со надворешна. Ете тоа е Лука Модриќ, човекот кој во 2018-та ги собра сите награди за играч на годината.
Некогашниот шпански репрезентативец Алваро Негредо, во моментов игра за клубот Ал Наср Дубаи. Синоќа во триумот од 3-0 над Ал Итихад, Негредо во 73' минута постави нови стандарди за гол со надворешна.