Таг: мура

Бомбастичен волеј на играч на Мура против Тотенхем

Симпатичниот словенечки клуб Мура има прв излет во Лига на Конференции. Играа против Тотенхем на гости пред повеќе од 25.000 гледачи и изгубија 5-1. Хари Кејн даде хет-трик, ама десниот бек на гостите од Словенија, Жига Коус распали волејчиште кое ќе го памти додека е жив.

Нова бомба од Бобичанец

Тимот на Мура лесно се справи со давеникот во словенечкото првенство Триглав и го совлада со 2-0. Мечот беше решен уште во прво полувреме а нов прекрасен гол постигна Лука Бобичанец.

Лука Бо(м)бичанец

Во 6. коло од првата лига на Словенија, Мура освои нови три бода по триумфот над Рудар од 2-0. Резултатот на соодветен начин го отвори дечкото со интересно презиме, Лука Бобичанец.

Потег што најмалку го очекуваше голманот

Се вика Нино Коутер, игра за словенечкиот тим Мура и излезе толку голем мангуп пред гол, кој не само голманот, туку никој не би очекувал ваква завршница во ситуација еден на еден. Покрај инстинкт, тука треба да имаш и голема храброст да не се сплеткаш па да те ремети кој стигне.

Сезоната уште не почната, а во Словенија падна раскошен гол

Новиот словенечки прволигаш Мура го прегази Домжале (клуб кој пред две години го елиминираше Вест Хем од квалификациите за Лига Европа), со 5-1. Петтиот гол беше чудесија. Стрелец Нино Коутер.