Таг: младински фудбал

Преубав гол на Малдини јуниор за Милан

Даниел Малдини има 18 години. Роден во 2001-ва година, игра за младинците (Primavera) на Милан чии легенди се неговиот дедо Чезаре и татко му Паоло. Даниел е фудбалер од среден ред, минатото лето беше на американската турнеја со првиот тим, но од стартот на сезоната е назад со младинците.

Како функционира академијата на Ајакс - децата ги учат психологија и економија

Родителите плаќаат само 12 евра и тоа е ставка за осигурување. Сè друго е бесплатно. Децата во академијата одат во школо, тренираат неколку дена во неделата, играат натпревари и ја одржуваат традицијата на блискост со навивачите.