Откако Пандев, Несторовски, Трајковски и компанија ќе му кажат збогум на фудбалот, целосно ќе се потпреме на големите надежи како Барди, Алиоски, Николов, Елмаз...Паралелно треба да се работи и да се создаваат услови и за најмладите таленти и што е најважно да се внимава да не ни ги лапне некој друг. Во ФК Сарај се кали едно дете по име Адмир Љатифи кое на 10 години гаѓа од слободен удар како да е веќе печен фудбалер. Тоа добро го знаат и неговите врсници од Шалке и Атлетико Мадрид.