Легендарниот македонски репрезентативец Митко Стојковски играше во четири екипи, во четири земји: Пелистер, Црвена Ѕвезда, Овиедо и Штутгарт. Најдолго остана во Белград, каде во периодот 1991-1995 освои две титули и два Купа. На вечното градско дерби број 100 даде гол и беше просласен за играч на мечот. Се одигра на Ѓурѓевдан, на 6 мај 1995-та. Викендов беше гостин на 179-то дерби на кое Црвена Ѕвезда го совлада Партизан со 3:0 и ја осигура титулата.
Митко Стојковски, 28 настапи и 5 гола за Македонија. Ванчо Мицевски 25 настапи и 8 гола за Македонија. Инаку Митко е роден во Битола, а Ванчо во Скопје. Да ги чуеме.
Околу 50 играчи од Битола, репрезентативци на Македонија, оставија длабоки траги во македонскиот фудбал. Голем дел од нив со меѓународна кариера во Србија, Грција, Турција, Белгија, Холандија, Шпанија, Германија, Франција...