Таг: мин сон

Деби гол на Сон во МЛС и тоа од слободен

По фантастичните 10 години во Тотенхем со одлични 173 гола, Сон Хјунг Мин на 6 август потпиша за Лос Анџелес за 26,5 милиони долари, што е рекорден трансфер во МЛС лигата. Првиот гол го дочека на својот трет настап, а тоа е против Далас, конечни 1:1. Ќе го памети.

Два луди гола на Интер и Тотенхем од корнер

Нема ден без фудбал. Додека синоќа бевме на трпеза за Св.Никола, Тотенхем и Манчестер Јунајтед играа Купови. Едниве го елиминираа Манчестер Јунајтед со 4:3, а другиве Удинезе 2:0. Што имаат заеднично овие два меча? Шаќировка.

Сон Мин - градска чистота

Астон Вила - Тотенхем 0:4. Вила Парк ниту е негов стадион, ниту му е спалната соба од дома, вецето или кујната. Азиска култура е тоа, нешто несфатливо за Европа.

Сон распали за репрезентација со левицата

На денот на евроквалификациите, во Азија се играат квалификации за Светско. Јужна Кореја го декласираше Сингапур со петарда, а најјакото голчиште на средбата е дело на ѕвездата на Тотенхем, Мин Сон.

Тренер на Гана правеше селфи со расплаканиот Сон

Јужна Кореја загуби 3:2 од Гана и е пред елиминација на Светското во Катар. Интересна случка уловија камерите на крајот. Еден од помошниците на селекторот на Гана правеше селфи со ѕвездата на Тотенхем, Мин Сон кој беше во очај после поразот.