Таг: Микел Ојарзабал

Ојарзабал заслужено

Не е од Барса, Реал или Атлетико, а заврши како прв стрелец за Шпанија на ова Светско. Тивок херој е Микел. Даде два комада против Саудиска Арабија во групна паза, два против Австрија во нокаут и еден против Франција во полуфинале. Во Реал Сосиедад го пречекаа шампионски. Како што заслужува.

И ја сокривте топката на Андора а?

Шпанците беа најефикасни на синоќешните пријателски средби, а противникот им се викаше Андора, на која и пукнаа петарда. Хет-трик на Микел Ојарзабал. Издвојуваме еден од неговите голови, пред сè поради велелепната акција.

Капитенот на Реал Сосиедад се истепа со топката

Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад во последно време е во чудни односи со топката. Неодамна два пати го промаши цел гол од пенал откако ја шутна на исто место на средбите против Манчестер Јунајтед и Леванте, а синоќа против Елче проба да дрибла па после не знаеше што прави.

Капитенот на Сосиедад се истакна од 11 метри на ист начин

Пред 10 дена зема да го имитира Бруно и тоа на Олд Трафорд, па топката заврши кај редарите. Денеска замислите го повтори пеналот против Леванте. Каков цреп.

Бруно гледај секако како ќе те имитирам

На капитенот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал изгледа идол му е Бруно Фернандеш. Синоќа шутираше пенал идентично како него пред негови очи, а потоа тренерот со право требал да му рече дека ако му се повтори, ќе игра со младинците.