Рабона ударот важи за доста мангупски потег во фудбалот, ама обично се користи за додавање. Лука Колиќ од Мелбурн Виктори, успеа гол да даде и тоа го лобуваше голманот. Коментаторот веднаш му го прогласи за гол на сезоната.
Некогаш растураше во ЦСКА Москва поради што го купи Милан, ама во Италија не покажа ни промил од тоа што го играше во Русија. Кариерата ја продолжи во Мелбурн Виктори во Австралија каде е најдобар играч. Ама изговорот на англискиот јазик му е за уште работа.
Повремениот македонски репрезентативец Даниел Георгиевски постигна ефектен погодок во триумфот на Њукасл Џетс против неговиот поранешен клуб Мелбурн Виктори од 4-1. Њукасл е прв на табелата со 17 бода после 8 одиграни кола.